Пратеникот Димовски бара Бугарија да ја врати украдената круна на Охридската архиепископија

Во име на пријателството и соработката Македонија треба да ја замоли Бугарија свечено да ја врати митрата (круната) на Охридската архиепископија која е украдена од Охрид и денес е изложена во Националниот историски музеј во Софија, предлага пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Според него, круната е украдена од Охрид, од црквата Св. Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на Првата светска војна.

„Оваа митра е подарок од Венеција за еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења. Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј... Во Софија има повеќе од 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија... Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора... Во Белград има многу наши археолошки богатства, може и нив да ги замолиме да ни ги вратат“, напиша на својот фејсбук-профил Димовски.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе