Апелациски суд

Пратеникот Арнаудов, Дамовски и Илиевски од Шутка одат во куќен притвор

Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка, откако Апелацискиот суд ги прифатил нивните жалби и им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор. На сите тројца ќе им бидат одземени пасошите, како мерка на претпазливост, потврдија од Апелацискиот суд. 

Според информациите од судот, куќен притвор е определен и за Јане Ченто, за Иван Цветановски од тогашниот кабинет на спикерот Трајко Вељаноски и за Оливер Радулов од УБК. На сите тројца исто така ќе им бидат одземени пасошите.

Мерката притвор определана од Кривичниот суд е потврдена за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, за Горан Ангеловски и Илија Славевски од патриотските здруженија, како и за Сашо Марковски и Вилијам Михајловски, чии жалби Апелацискиот суд ги отфрли. Јохан Тарчуловски, пак, останува во куќен притвор.

 

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе