Собрание

Пратениците за законот за ЈО ќе расправаат утре, а за в недела е закажано и распуштањето

Седницата за распуштање на Собрание е закажана за в недела во 12 часот. Вечерва почна 135-та собраниска седница за предлог-измените во законот за јавно обвинителство и се презакажа за утре во 11 часот.

Собранието вечерва со еден час задоцнување (почетокот беше закажан за 21 часот) ја почна расправата за законот за Јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители. За дискусија се јавија 30 пратеници. Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изразија повеќе забелешки за нејзиното одржување. Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата ја презакажа за утре во 11 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО.

Џафери за утре во 15 часот закажа уште една собраниска седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд Рашела Мизрахи.

Разрешувањето на Мизрахи го побара техничкиот премиер Оливер Спасовски затоа што Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува иставното име на државата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе