Според протоколите

Пратениците во скафандери го напуштија Собранието, ама ќе се вратат

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова го напуштија Парламентот во скафандери, а Мицевски рече дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите”.

Според протоколите, никој не смее да биде во скафандер повеќе од шест часа бидејќи може да дојде до колабирање.

Мицевски не кажа во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на ковид-19, пред почетокот на седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе