СОБРАНИЕ

Пратениците во понеделник пак на седница, на дневен ред е истата точка на дневниот ред

Неколкумина пратеници од СДСМ денеска брифираа дека Собранието ќе се деблокира наредната недела и конечно ќе биде избран новиот претседател на Собранието. Продолжението на конститутивната седница е закажано за во понеделник во 11 часот.

И денешната расправа на конститутивната седница продолжи без никакви новини - дискусија, реплика, контрареплика, процедурално... Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и Илија Димовски денеска од СДСМ побараа да откријат за што се договориле со премиерот на Албанија, Еди Рама и со албанските партии, а владината програма на СДСМ ја нарекоа “Тројански коњ“.

„Се знае за што треба да расправаме денеска, ја знаеме точката од дневен ред. Затоа како претседавач би ве замолил да се придржувате до точката од дневниот ред. Ако сте заборавиле, јас ќе ви оставам копија за да имате пред вас“, изјави Ејуп Халими, ДУИ, обраќајќи му се на претседавачот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Денеска се одржа 16-то продолжение на конститутивната седница, а досега правото на збор го искористиле само 8 пратеници. За дискусија чекаат уште 42 пратеници. 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе