РАБОТЕН ВИКЕНД ВО СОБРАНИЕТО

Пратениците утре пак ќе расправаат за разрешувањето на Зврлевски

Собранието утре во 11 часот ќе ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа утре да нема седница, на што Талат Џафери, претседателот на Собранието одговори дека со репликите и контрарепликите токму тие ја поставиле динамиката на собраниската работа.

И денешната собраниска седница помина како и претходните - непродуктивно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат за разрешувањето на Зврлевски да се расправа по локалните избори, а сега да се расправа за пожарите, за службениот и официјалниот јазикво Македонија, за Договорот со Бугарија... За ВМРО-ДПМНЕ, членот 8а од Изборниот законик утврдува дека од распишување до одржување на изборите нема можност за назначување нов обвинител и дека целта на СДСМ е да го направи правосудниот систем своја партиска испостава.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека расправата за Зврлевски всушност е ПР-стратегија на СДСМ да се зборува за други работи, а не за суштинските прашања за да може СДСМ да ги покрие своите големи крахови, како што е националната стратегија за мигранти и законот за јазици.

За СДСМ во случајов станува збор за престанок на мандат на функцијата државен јавен обвинител, а не за престанок на работен однос или за нечие ново вработување.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе