Собрание

Пратениците синоќа не избраа нови членови на ДИК

Талат Џафери, претседателот на Собранието синоќа не успеа да закаже седница на која требаше да се избере новиот состав на Државната изборна комисија и да се изгласаат измените во Законот за Влада и законот за финансирање на партиите. Пратеничките групи синоќа не се усогласија за она што лидерите на политичките партии вчера се договорија.

Џафери синоќа најпрво ја најави седницата за избор на ДИК, но подоцна не ја закажа. Неофицијално, пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се усогласија во врска со некои членови од законот за финансирање на партиите, околу казните во делот за злоупотреба на службената положба и овластувања и замена на затворските казни со парични.

Засега нема најава за нова лидерска средба. Вчера лидерската средба заврши без договор за референдумот - за референдумското прашање, за карактерот на референдумот и терминот на одржување. Нема ни информации за можно одржување на собраниска седница за денеска.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе