Пратениците почнаа расправа за составот на собраниските комисии, Милошоски побара измена на дневниот ред

Собранието со задоцнување ја почна седницата на чиј дневен ред е изборот на составот на работните тела на Парламентот, предлог кој е усогласен со координаторите на сите пратенички групи.

При утврдувањето на дневниот ред, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја повтори забелшката која ја изнесе и на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата дека оваа Комисија не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии бидејќи, како што рече, Собранието претходно на парламентарна седница не донело одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите. Милошоски побара дневниот ред да биде изменет, односно дополнет и прва точка да биде одлука за формирање на собраниските комисии и дефинирање на нивните надлежности, а дури потоа да се разгледува и гласа парламентарниот состав, што не беше прифатено од мнозинството.

На процедуралната забелешка на Милошоски одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери кој истакна дека претходната одлука за формирање работни тела или комисии е на сила, и оти нема предлози за формирање нови. На оваа одлука, според Џафери, се темели и предлогот на координаторите на пратеничките групи за персоналните состави.

Џафери појасни дека доколку, според процедурата, на самата седница предлог-одлуката за формирање работни тела се надополни со формирање нови тела различни од постоечките, тогаш во таа ситуација ќе треба Комисијата за избори и именување да има нова седница за персоналниот состав на евентуалните нови комисии.

На дневен ред на оваа седница е и верификацијата на мандатот на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе