Контра Иницијативата за вонреден Конгрес

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со потписи го поддржаа Мицкоски за редовен Конгрес

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со потписи го поддржуваат претседателот на партијата Христијан Мицкоски за одлуката за свикување редовен партиски Конгрес во ноември годинава, откако Иницијативата за вонреден Конгрес најави Конгрес во март.

 

Според партиски извори, Мицкоски пуштил писмо до пратениците на кое треба да се потпишат дека поддржуваат редовен Конгрес на партијата и на него веќе се потпишани сите 39 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Не е потпишана Гордана Силјановска-Давкова која дава поддршка на иницијативата, но не може да се потпише бидејќи не е член на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како избрани претставници на граѓаните во Законодавниот дом, како примарна цел ја имаме работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа.

Во овој контекст, пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата, за да со заедничко и координирано дејствување успееме што поскоро да ја поразиме актуелната власт, која што не е дел од решението, туку е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието.

Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаме да се почитуваат надлежностите на Централниот комитет, Извршниот комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на било кои поединци или групи“, пишува во писмото.

Иницијативата за вонреден конгрес најави дека се исполнети  условите на 28 март да се одржи вонреден конгрес за избор на нов претседател на партијата и дека веќе имаат потписи од две третини од дегелатите.
 
Веднаш потоа уследи одлука на Централниот комитет на партијата ја отфрли Иницијативата за одржување вонреден конгрес на 28 март што денеска ја поднесе Иницијативниот одбор во кој членуваат дел од поранешните високи функционери и сегашни истакнати членови на партијата и донесе одлука за одржување редовен Конгрес во ноември.
 
Од партијата потсетуваат дека според статутот на ВМРО-ДПМНЕ, член 31, Централниот комитет е единствен надлежен орган за свикување и организирање вонреден партиски конгрес , за што е потребно поддршка да дадат најмалку 2/3 од членовите на Централниот комитет.
 
„Затоа која било која иницијатива за конгрес би била легална и статутарна само доколку истата е разгледана и одобрена од членовите на Централниот комитет на партијата“, велат оттаму.

 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе