Договорот за името го помина првиот чекор во Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му извикуваа „предавник“ на Димитров и ја напуштија седницата

Со извици „предавник“ беше проследено обраќањето на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој во Собранието пред пратениците образложи зошто законот за ратификација на Договорот со Грција треба да биде донесен по скратена постапка.

„Повеќе од неопходно е да се донесе законот по скратена постапка за Грција да може да го извести НАТО за пoканата. Самитот на ЕУ е закажан за 28 јуни, па овие датуми се клучни за нас. Предлагам носење на законот по скратена постапка“, рече Димитров.

Пратениците од опозицијата за време на изнесувањето на неговиот предлог извикуваа „предавник“.

„Јунскиот совет е пред нас, министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми се клучни за европската перспектива на нашата земја и зависат од ратификацијата на спогодбата. За да ги испорачаме овие резултати предлагаме Собранието  да одлучи законот да се донесе по скратена постапка. Со ратификацијата се отвора можноста граѓаните да се изјаснат за својата иднина на есенскиот референдум“, рече Димитров.  

По изгласувањето на потребата од донесување на овој закон собранискиот спикер Талат Џафери ја задолжи Комисијата за европски прашања како матично тело да го разгледа предлогот кој е поднесен со европско знаменце, како и Законодавно-правната комисија.

Но, пратениците со 69 гласови „за“ изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка, додека 40 беа против.

По гласањето за донесување на предлог законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнаа и да удираат со рацете по собраниските маси и да извикуваат: „Уа предавници,  ја продадовте државата“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека „нема да учествуваат во ваква правна лакрдија“.

Според него, договорот е противуставен и со него се навлегува во идентитетот на државата, а „капитулантската влада сака да ги втурне и пратениците да учествуваат во овој геноцид на правната држава“. Потоа пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница.

Нареден чекор е седница на Комисијата за европски прашања која има рок до среда на полноќ да го разгледува договорот. Откако ќе помине на Комисијата, Предлог-законот за ратификација на договорот повторно ќе се најде на пленарна седница за да биде финално ратификуван.

За ратификација потребно е обично мнозинство, односно мнозинство од присутните пратеници.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе