Собраниски играрии

Пратениците од власта го бојкотираа предлогот на власта за раководител во АНБ

Внатрепартиските игри во владината коалиција, кадровските решенија и блискоста до одредени структури внатре во партијата сериозно влијаат на нормалното работење на безбедносните структури на Македонија. Ваквиот заклучок се наметнува и по денешното недоаѓање на пратениците на СДСМ на закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенција за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Седницата беше закажана на барање на членот на СДСМ Виктор Димовски, сега веќе поранешен директор на АНБ кој од пред неколку дена е избран за амбасадор во Париз. Но, неговите сопартијци го бојкотираа неговиот предлог. Членови на комисијата велат дека се работи за класична пресметка на криминалните крила во партијата.

На барање на Виктор Димовски за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во АНБ, денеска беше закажана седницата на собраниската Комисија за надзор на АНБ и на АР. Димовски го предложи Златко Николовски од Битола, вработен во АНБ, да биде именуван на испразнетото раководителско место. Седницата не се одржа затоа што не дојдоа пратениците од владеачката коалицја.  

Членот на оваа комисија од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека ова е добар пример за тоа во каков распад се СДСМ и како меѓусебе се борат криминалните крила.

„Денеска не се одржа Комисијата за надзор на тајната разузнавачка служба АНБ (бивша УБК). Согласно законот, вториот човек во АНБ (директор за внатрешна контрола) го предлага директорот, а го одобрува комисијата. Во комисијата СДСМ има мнозинство и пратениците на СДСМ ја бојкотираа комисијата.

Значи кадарот на СДСМ Виктор Димовски кој на предлог на СДСМ прво стана директор на АНБ, па иден амбасадор во Париз, предлага решение кое неговиот СДСМ му го бојкотира. До сега позади сцена. А од денес веќе и на отворена сцена ова е војна на криминалните кланови за превласт и заштита. Но со падот на Владата СДСМ/ДУИ ќе одговараат и едните и другите. Мора да се стави крај на криминалот“, реагираше Николоски.

Како што дознаваме, Виктор Димовски веднаш побарал да се повлече предлогот заради техничка грешка.

Инаку Златко Николовски, според опозицијата, пред две години бил снимен во Битола како, во улога на член на СДСМ спречува активности на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешното недоаѓање на мнозинството пратеници на СДСМ од Комисијата за надзор на АНБ и АР, реагираше и Љупчо Пренџов, претседателот на комисијата:

„Она што се случи денес, кога колегите пратеници од власта не присуствуваа на оваа седница, кога  колегите од власта не присуствуваа ниту да се отвори дневниот ред за назначување на господинот за началник за внатрешна контрола, е многу ретка состојба во Собранието. Треба да знае јавноста дека независно што по одредени комисии, местото претседател е од страна на опозицијата, сепак согласно пратеничките мандати во пленарна седница така и во комисиите мнозинството е секогаш од власта. Денес власта не направи мнозинство за предлогот даден од директорот на АНБ, господинот Виктор Димовски. Она што загрижува е тоа што лицето кое што го предлага Владата дава предлог до Собранието и тие кои ја држат Владата во рамките на Собранието, пратениците на СДСМ и ДУИ не доаѓаат да продискутираат, да го изгласаат или не предлогот на оној што одговара пред премиерот на оваа држава“, вели Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека е јасно дека има определени поделби во СДСМ и во ДУИ. „Но, тоа е нивна работа, треба нив да ги прашате зошто ова се случува. Но, она кое што мене ме загрижува е фактот дека со ваквите решенија и недоследности и со ваквиот аматеризам од страна на власта трпи безбедноста на разузнавачкиот сектор во Република Македонија и тоа е прашање кое и тоа како ги интересира граѓаните на оваа држава. Се и сешто се зборува по кулоарите на Собранието. Одговор треба да дадат пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, а ние како опозиција сме постапиле согласно закон, државнички и сме постапиле согласно интересите и безбедноста на граѓаните на Македонија. Сето она што е спротивно на ова и зошто е оваа лакрдија што се случува, треба веднаш да одговорат пратеничките групи чии што пратеници денес од мнозинството не се појавија да го поддржат кандидатот кој што тие сами си го предлагаат“, вели Пренџов.

А.Д.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе