Пратениците од бошњачката етничка заедница бараат извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците Санела Шкријељ и Зеќир Рамчиловиќ, како припадници на бошњачката етничка заедница бараат ВМРО-ДПМНЕ да се извини за дел од говорот на нивната сопартијка, пратеничката Велика Стојкова Серафимовска, во контра реплика кон Шкријељ, во делот кога таа зборува за нејзиниот идентитет.

Во заеднчката реакција се вели:

Меѓу другото Велика Стојкова Серафимовска кажа:

„... ќе добиете деца и младина и иднина со збунет идентитет, каков што е вашиот идентитет колешке, очигледно вие сакате да имате наследници како вие што сте во моментов, и нашите поколенија и нашите генерации да не знаат што се, да не знаат што се како вие што не знаете што сте." (аплауз од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ).

Согласно Деловникот за работа не беше во можност да се јави никој за реплика (ниту Рамчиловиќ, ниту Шкријељ), но на овој начин сакаме јавно да реагираме и да го осудиме навредливиот говор кон Бошњаците на пратеничката Велика Стојкова Серафимовска која преку директно обраќање кон пратеничката Шкријељ го покажа својот став кон Бошњаците!

Не чувствуваме потреба никому да докажуваме кои сме и што сме, и нема да ја повикаме пратеничката да се извини, таа го кажа своето за што доби и апалуз од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но упатуваме јавна реакција и барање до партијата ВМРО ДПМНЕ да се извини и да се огради од кажаното доколку има демократски капацитет и го почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Искрено веруваме дека говорот на пратеничката Серафимовска не е ваш партиски став бидејќи во минатото сте покажале дека Република Северна Македонија е заедничка држава на сите граѓани без оглед на етничката припадност. Како што кажавме, ние Бошњаците добро знаеме кои сме и што сме, но согласно вашата реакција ќе биде и реакцијата и односот на Бошњаците кон партијата ВМРО ДПМНЕ. Со почит! 

Санела Шкријељ, пратеничка
Зеќир Рамчиловиќ, пратеник

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе