Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа пријава против Талат Џафери

Панчо Минов, претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја доби бараната пријава за повреда на Етичкиот кодекс и барање за свикување на седница на комисијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат на комисиската седница да се расправа само за постапката за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македцонија од страна на пратеникот Талат Џафери на 11 мај и изрекување на мерки согласно правилата за водење на постапката.

Во пријавата се вели дека е доставена и снимакта од вулгарното и понижувачко однесување на Џафери кои вршеше мобинг и притисок на вработени во службата на Собранието, на висок тон и со безобразни пцовки. Тие додадоа дека на седницата најмалку четворица пратеници ќе посведочат за оваа тешка повреда на Кодексот.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе