Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се формира анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе поднесеме предлог на одлука за формирање на анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Во соопштението, партијата уште еднаш побара оставки од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Зарем 14 загинати во монтажна болница не се причина да проработат, во најмал случај, моралот, етиката и совеста? Зарем човечкиот живот е поважен од министерувањето, од удобната кожна фотеља во која што безгрижно седат Заев и Филипче, додека семејствата на жртвите ги чекаат и ги бараат одговорите за трагедијата во која ги загубија своите најмили? Г-дине Заев, г-дине Филипче, барем покажете сочувство, покажете грижа на совест и веднаш понесете политичка одговорност бидејќи етичка и морална покажавте дека воопшто немате. 

Неотповиклива оставка и понесување на одговорност од етички и морални причини е доблесен чин на искрен, чесен и самосвесен човек. На политичар и човек кој поседува личен интегритет и достоинство. За жал, министерот за здравство Венко Филипче докажа дека не е тој човек. Зоран Заев докажа дека не е тој човек. Очигледно, во нив нема ниту доблест, ниту грижа на совест, ниту искреност. Во нив нема никакво чувство на одговорност за трагедијата која што се случи во Тетово.

Наместо одговорност и одговори, повеќе од 10тина дена гледаме како власта од петни жили, на секој можен начин се труди да го заташка целиот случај. 14 лица, 14 наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам ја замајуваат јавноста неколку дена со измислената оставка на Филипче, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило, се однесуваат како да нема 14 црно завиени и ожалостени семејства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе