Пратениците на СДСМ ќе го поддржат законот за отпад, најави координаторот Митрески

Пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи Предлог-законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија и кој што е веќе влезен во собраниска процедура, а е поднесен од ДОМ, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Предлог-законот веќе е на собраниска седница и требаше да биде изгласан, но точката на дневен ред беше прескокната со образложение дека треба да се направат дополнителни консултации. Подоцна беше соопштено дека се проверува дали Македонија ќе добие забрана за извоз на отпад доколку ние воведеме вакви мерки.

Митрески денеска на прес-конференцијата во Собранието исто така најави дека ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

„Како пратеници на СДСМ се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава“, рече Митрески.

Тој уште додаде дека дополнително „ќе акредитираат домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат ненајавени проверки“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе