Предлог-законот веќе е на собраниска седница и требаше да биде изгласан, но точката на дневен ред беше прескокната со образложение дека треба да се направат дополнителни консултации. Подоцна беше соопштено дека се проверува дали Македонија ќе добие забрана за извоз на отпад доколку ние воведеме вакви мерки.
Митрески денеска на прес-конференцијата во Собранието исто така најави дека ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.
„Како пратеници на СДСМ се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава“, рече Митрески.
Тој уште додаде дека дополнително „ќе акредитираат домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат ненајавени проверки“.