Собрание

Пратениците на Беса не се веќе дел од пратеничката група на СДСМ, но остануваат во коалиција

Четворицата пратеници на Беса, Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадил Зендели и Бастри Бајрами не се веќе дел на пратеничката група на СДСМ и Беса  (коалиција Можеме), туку ќе  дејствуваат како пратеници на Беса. За ова веќе бил известен и претседателот на Собранието.

Коалицијата со СДСМ останува, велат од Беса и додаваат дека ова се прави за поголема ефикасност во Собранието и за да ја задржат препознатливоста на партијата.

Координаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ Јован Митревски за медиумите изјави дека одлуката е заедничка и дека била донесена за подобро функционирање во Собранието.

За пратеничка група потребни се најмалку петмина пратеници.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе