По завршените одмбори во Собранието на Македонија

Пратениците ќе се обидат да ги завршат старите седници, со нова дури од 14 септември

На првата координација со спикерот Талат Џафери, пратеничките групи се согласиле од среда да почнат со работа и на дневен ред да бидат старите, од пред одморите, седници кои не се завршени. Со нова пленарна седница, како што најавил Џафери, ќе се стартува од 14 септември.

Собраниската служба инфоирмира дека координацијата била во полн состав.

Џафери замолил да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега за, како што се вели во соопштението, да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Пратениците се враќаат на работа во Собранието, на речиси месец и половина пред локалните избори.

Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе