Во Собранието на Македонија

Пратениците ја продолжија расправата за избор на нова Влада

Со задоцнување од половина час, денеска во 12.30 часот започна расправата за избор на нова Влада што ја предложи лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски како мандатар. На почетокот координаторката на Алијанса за Албанците Илире Даути како процедурална забелешка побара да се продолжи со списокот на говорници од вчера кој не беше до крај реализиран, а на штета на партијата, по што беше побарана куса пауза од 5 минути, за кое време повеќето пратеници останаа на своите места.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на седницата обвини дека мандатарот Димитар Ковачевски не учестувал на избори, не ја побарал довербата и нема глас од ниту еден граѓанин и затоа, како што рече, го нема народниот легитимитет, како и самата владејачка коалиција зашто, како што рече, беше поразена на локалните избори.

Но Ласковска додаде дека главните проблеми и на новата влада, доколку биде избрана, е што таа ќе биде продолжение на „хибриден режим" кој под раководството на Зоран Заев Македонија, како што нагласи, целосно ја понижи пред меѓународната заедница, особено со начинот на преговарање со Бугарија.

Таа додаде дека мандатарот Ковачевски повеќе зборува за легитимитетот отколку за економските проблеми, притоа давајќи нереални ветувања за нивно решавање.

„Како да треба да заборавиме дека имаме инфлација, граѓаните буквално немаат ниту за леб, цените на прозиводи растат вртоглаво, парите немаат никаква вредност, и потценување е во ваква состојба да се зборува за економска ренесанса“, додаде Ласовска.

Неа ѝ реплицира Марија Георгиевска од СДСМ која нагласи дека опозицијата претерува со поставувањето на прашањето за легитимитетот.

„Не знам зошто имате потреба легитимитетот да го врзувате за локалните избори. Оваа Влада е континуитет на Владата која легитимитетот го доби на парламентарните избори во 2020 година, кога не се бираа претставници на локалните власти“, нагласи таа.

Собраниската расправа за избор на нова влада која започна вчера, според Деловникот трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав треба да се гласа вечерва најдоцна до полноќ. Владата е избрана ако за неа, во целина, гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието, односно потребни се 61 глас.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе