Собрание

Пратениците денеска за интерпелацијата на Спасовски и за новиот закон за спречување на дискриминацијата

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 86 и на 90 седница. Единствена преостаната точка на 86 седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 90 седница, пак, треба да се расправа за предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка, исто така, единствена точка на дневниот ред.

Со новиот закон се подобрува законската регулатива и се врши нејзино усогласување со  правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација. Со неговата примена се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација.

Со предлог законот  се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во комиисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis. Исто така, се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе