Пратениците денеска треба да гласаат за избор на новите министри

Пратениците на денешната собраниска седница треба да гласаат за именувањето на новите министри, откако вчера по десетчасовна расправа на која имаше остри реплики и контрареплики меѓу опозицијата и власта беа разрешени од функцијата министерите за финансии и за локална самоуправа, Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. На вчерашната седница беа констатирани и оставките на министрите за земјоделство и за култура, Љупчо Николовски и Асаф Адеми, како и на министерот за животна средина Садула Дураку и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

На денешното продолжение од седницата ќе се гласа за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Опозицијата вчера оцени дека станува збор за погрешни кадровски решенија бидејќи се разрешуваат ефикасни министри, а остануваат министри во Владата кои не покажале резултати. Според нив, оние кои требало да бидат разрешени се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи бидејќи тој не успеал да ги координира активностите за државата минатата година да добие датум за преговори со ЕУ, потоа министерот за образование Арбр Адеми и министерот за животна средина Садула Дураку, кој наместо да биде разрешен, е прераспределен на нова функција во новото Министерство за политички систем.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев обвини дека се тргаат луѓе кои се неистомисленици. Говореше за оставката на заменик-министерот за образование Петар Атанасов и за разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кое, според него, е погрешно.

„За Драган Тевдовски може кој било што да каже, но сите знаеме дека е чесен. Драган Тевдовски има образ и е чесен. Не се согласувам со неговите политики и неговиот концепт, но во оваа Влада има барем 10-15 министри на кои треба да им се побара оставка. Цела оваа метла се сведе на тоа Драган Тевдовски да го изгуби ресорот“, рече Ѓорчев.

Во репликата, Заев појасни дека проценил оти Атанасов во моментов не може да ја извршува министерската функција во Министерството за образование.

„Не е соодветно време тој да ја преземе палката на Министерството за образование. Ги знам и предностите, ги знам и слабостите. Така сум оценил“, истакна Заев.

Премиерот на почетокот на расправата по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии, појаснувајќи дека согласно овластувастувањата со Законот за Влада, ќе раководи со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер.

Образложувајќи го овој чекор, тој рече дека мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и Антикорупциската комисија, која, според него, испратила сериозна порака.

 

 

Пратениците вчера се расправаа и за капиталните инвестиции, за Договорот од Преспа и за евроинтегративните процеси на државата.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе