СОБРАНИЕ

Пратениците денеска пак за разрешувањето на јавниот обвинител, Зврлевски контролира инспектори во МВР

Осмото продолжение на шестата седница на Собранието, на која се расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, ќе продолжи денеска во 11 часот.

Седмото продолжение помина во реплицирање помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и блокада на собраниската говорница. Теми на расправата и репликите беа пожарите, мигрантите, Супер купот, Договорот со Бугарија... За Зврлевски најверојатно денеска ќе се расправа.

Очигледно е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се решени да ги користат сите деловнички можности за развлекување на расправата за разрешувањето на Зврлевски. Тоа може да значи дека расправата може да се развлече до крајот на септември.

Разрешувањето на Зврлевски е на предлог на новата влада поради „негова нестручност и непостапување“. Решението за разрешувањ е во собраниска процедура повеќе од еден месец.

„Пратениците на СДСМ ќе се воздржат од дискусија за да може Зврлевски што поскоро да биде разрешен“, изјави Петре Шилегов, пратеникот од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара разрешувањето на Зврлевски да биде ставено во мирување до 16 октомври, по завршувањето на локалните избори, повикувајќи се на член од Изборниот законик, според кој, по распишување на изборите е забрането „да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека пратениците нема да одат на годишен одмор сѐ додека не го сменат Зврлевски.

Пријавени за дискусија има уште 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ (по 10 минути за дискусија), со право за реплики и контрарепликите (3 минути) и за процедурални забелешки (1 минута).

Десет координатори од ВМРО-ДПМНЕ имаат право да бараат по еден час пауза.

Државниот обвинител Марко Зврлевски сѐ уште контролира стотина припадници на Министерството за внатрешни работи, полицајци, истражители, инспектори, началници, меѓу кои и раководители на клучни сектори, кои се под надлежност на неговото обвинителство, а не под министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според Законот за кривична постапка обвинитекството има право да ангажира припадници на МВР.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе