СОБРАНИЕ

Пратениците денеска, без ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за разрешување на Зврлевски

Талат Џафери, претседателот на Собранието синоќа најави дека денеска ќе се гласа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Вчера попладнето пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата повикувајќи се на писмото од Антикорупциската комисија во кое се вели дека во периодот пред избори не треба да се расправа за разрешувања и именувања на државни функционери.

По добивањето на мислењето од Антикорупциската комисија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски најави дека неговите колеги и пратениците од коалицијата За подобра Македонија ќе ја напуштат оваа точка од седницата и нема повеќе да учествуваат во постапката која според него е незаконска.

Расправата за разрешување на Зврлевски почна на 12 јули и досега се одржаа десетина продолженија на собраниската седница. На сите продолженија главно дискутираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со реплики и контрареплики го одолговлекуваа гласањето за предлогот на Владата.

За Зврлевски да биде разрешен, потребно е 61 пратеник да гласаат „за“.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе