Афера „Двојник“ или „Мафија“

Познат разбојник од Албанија со меѓународна потерница без проблем извадил македонски пасош со украден идентитет

На 28 ноември 2018 година во 12,35 часот во една од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи влегол и познатиот разбојник Адмир Муратај, потпишал барање за издавање нов македонски пасош, се фотографирал, оставил отпечаток од прст и за два дена станал македонски државјанин со украден идентитет на Пајтим Муча. Пред да дојде во Македонија по Муратај имало веќе распишана меѓународна потерница од Интерпол Атина за убиство на полицајци, вооружени грабежи, употреба на експлозиви. На Муратај ова му било 15-от документ со лажен идентитет.

Адмир Муратај

Четири месеци откако го добива македонскиот пасош, Адмир Муратај беше мозокот на големиот вооружен грабеж на аеродромот Ринас во Тирана извршен на 9 април 2019 година. Тогаш беа украдени 10 милиони евра, а во престрелката со специјалните сили Муратај беше убиен. Македонското МВР овој случај го открива дури на 27 февруари 2020 година.

Муратај користел и многу други идентитети. Имал и фалсификуван грчки пасош на име Христос Пападијас.  Муратај претходно е обвинет за најмалку уште три спектакуларни грабежи од кои „заработил“ седум милиони евра. На 3 декември 2015 година Муратај и неговата разбојничка банда успеала да го отсечат обезбедувањето на комбе кое пренесувало пари од банка, по што разбојниците избегале со парите. На 9 февруари 2017 година Муратај на сличен начин извршил уште едно разбојништво во Албанија. Неговата банда на 13 февруари годинава од банка во близина на поранешната железничката станица во Тирана успева да украде голема сума пари.

Впо аферата „Двојник“ (издавање македонски пасоши со украден иднетитет на познати регионални и светски нарко дилери и разбојници) во македонските судови досега се осудени деветмина службеници на МВР и уште две лица со максимална казна од три години затвор. Од обвинителството убедуваат дека истрагата за овој случај продолжува. Засега нема информации за тоа дали истрагата се води и за финансиските импликации за овој случај на издавање на 251 фалсификуван македонски пасош. Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски неодамна изјави дека издавањето на еден ваков македонски пасош чинело од 5 до 20 илјади евра. Или зборуваме за сторен криминал од околу 2,5 милиони евра.  

А.Д.

Војната меѓу клановите Кавачи и Шкаљари се водеше со македонски пасоши со украдени идентитети

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

ВМРО-ДПМНЕ: Балкански мафијашки босови легално си добивале македонски пасоши со помош на Заев и Спасовски


Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе