Позитивна кампања и постизборен локален економски развој, вети Заев

На почетокот на кампањата за локални избори премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вети дека како партија и коалиција ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој.

„Овие избори се избори на личност, програми, проекти, идеи, и во едни такви околности должност на сите е да водиме позитивна кампања. Нашата земја оваа година слави 30 години од независноста и колку сме навистина созреани и колку сме општествено одговорни сите ние со секоја година и со секои наредни избори може да докажуваме. Тука пред сѐ мислам на нас политичарите, но, секако и на кандидатите што се претставуваат со своите изборни програми“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на манифестацијата „Преспански јаболкобер“, тој кажа дека СДСМ и коалицијата ќе води исклучително позитивна кампања.

„Ова затоа што имаме со многу што да се пофалиме во овие четири години, за сите проекти што се реализираат, 550 милиони евра се директни поддршки од Владата за локалната самоуправа. Времето што е пред нас ги дава сите причини да веруваме дека ќе биде уште подобро, дека навистина ќе има уште многу проекти и оти животот на локално ниво ќе биде уште попримамлив, пред сѐ младите да остануваат тука“, рече Заев.

Тој додаде дека досега било направено многу во сферата на инфраструктурата, но, како што рече, претстојат уште многу предизвици.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе