Повреда на избирачко право може да се пријави на бесплатниот телефон кај Народниот правобранител

Пред почетокот на кампањата за локалните избори Народниот правобранител ги потсетува граѓаните дека во неговата канцеларија функционира бесплатна телефонска линија  0800 54321, на којашто ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од локалните избори, на 17 и 31 октомври.

Како што велат од канцеларијата на Народниот правобранител, по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.

„Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното права на граѓаните”, се додава во соопштението. 

Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:

Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, 

Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, 

Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, 

Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, 

Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и 

Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе