Собрание

Повлечен владиниот предлог закон за промена на полот со нотарска изјава

Владата предложи, па го повлече предлогот за измени во Законот за матична евиденција со кои ќе се овозможеше декларативно да се смени полот откако пратеници на речиси сите собраниски политички партии се изјаснија против овој предлог со кој може да се озакони промена на полот само со нотарска изјава и со фотокопија од лична карта.

Пратениците на партиите и од владината коалиција и од опозицијата се против ваквиот предлог на Владата. Министерството за правда предложи ови измени да одат по скратена постапка и со европско знаменце.

Предлогот на Владата предвидуваше правно признавање на родот со постапка во која поединец може да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и така да се признае родовиот идентитет. Постапката предвидуваше само поднесување барање до Управата за водење матични книги без доставување докази за хируршката процедура за промена на полот. Барањето за правно признавање на родот се поднесува на образец, чија форма, содржина и начин на негово издавање ги пропишува министерот за правда. Притоа, кон барањето се доставува копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, пишува во предлог законот.

Од Владата образложуваат дека според меѓународните стандарди правното признавање род се заснова само на самоопределување на поединецот. Според предлогот, транс-луѓето не мора да извршат медицинска интервенција за да можат да го остварат правото. 

Од СДСМ најавија амандмани и јавна расправа за предлогот за да се дојде до подобри решенија. Пратеници на ДУИ сметаат дека семејството е основен столб на општеството. За пратениците владеачката Алтернатива и на опозициската Беса нема дилеми дека овој предлог на Владата не смее да помине.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за овие измени неопходна е јавна дебата за дискусија за сите отворени прашања и можни злоупотреби кои се отвораат по евентуалното усвојување на овој владин предлог.

Македонија е една од десетте земји во Советот на Европа каде што правното признавање на родот не е достапно, покрај Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Србија.

Во предлог-законот пишува дека „секој граѓанин на Република Северна Македонија, кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак, има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон. Правното признавање на родот ќе биде признато во сите области при остварување на правата и обврските на граѓаните“. Правото на транс луѓето да добијат документи кои ќе го рефлектираат нивниот родов идентитет е клучно за тие да можат да функционираат соодветно во општеството и да бидат заштитени од низа повреди на човековите права, вклучувајќи ја дискриминацијата при вработувањето, физичките и вербалните напади, како и ограничувањето во склучувањето на брак и пристапот до добра и услуги, се наведува во образложението.

Во Македонија според Законот за семејство, бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Еднополовите бракови и заедници не се правно уредени.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе