Анкета

Повеќе од половина од Грците не сакаат име со терминот Македонија

Повеќе од половината Грци не сакаат терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја, но само четири од 10 испитаници сметаат дека е изводливо решение без зборот Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа рисрч“ за грчката телевизија „Алфа“.

На прашањето, која е желбата на анкетираните за разговорите за името, 56,5 отсто одговараат „да не биде вклучен терминот Македонија“, 38,5 отсто се за компромисно решение со сложено име, а четири отсто посакуваат решение со кое било име, пренесува МИА.

„Мислам дека по последните случувања, по протестите и политичката дебата што се отвори, целосно е логична желбата терминот Македонија да не биде вклучен во името, вели генералниот директор „Капа рисрч“, Тасос Георгиадис, коментирајќи ги резултатите од истражувањето презентирано во централното издание на вестите на грчката телевизија.

На прашањето кое е изводливо решение на спорот со името, се забележува разликата меѓу желбата и реалноста на анкетираните, но и поделеноста на Грците што учествувале во истражувањето. Малку под 40 отсто, или точно 39,5 отсто велат дека е изводливо решение без терминот Македонија, само на 0,5 отсто помалку, односно 39 отсто им одговара сложено име со географска одредница, а 13,5 отсто сметаат дека не постои изводливо решение.

Истиот процент испитаници што не сакаат терминот Македонија да биде вклучен во името (56,5 отсто) се и против предлогот Горна Македонија (напишано на македонски без превод, слеано во еден збор).

Георгиадис коментира дека за оние што се против терминот Македонија во името, воопшто не игра улога која е одредницата.

На прашањето „дали решение со сложено име ерга омнес, непреведно, на словенски  јазик и договор за прашањата поврзани со иредентизмот“ е во правилна или погрешна насока, повторно има поделеност кај грчкото јавно мислење, па 48 отсто одговараат дека е во добра насока, додека 44 отсто сметаат дека е во погрешна.

Поделеност има и во однос на тоа што е повеќе во интерес на Грција, дали решение, па макар и со сложено име, (44.9 отсто) или проблемот да не се реши сега и да се остави за во иднина (46.8 отсто).

Мнозинството од анкетираните, 67,5 отсто, сепак, сметаат дека преговорите за изнаоѓање решение треба да продолжат, наспроти 30,5 отсто кои одговориле дека треба да се прекинат.

На прашањето дали ќе се постигне договор, 53,4 отсто  одговараат негативно, а 35,9 отсто позитивно. Овие резултати, според директорот на агенцијата што го спроведе истражувањето, се логични, бидејќи станува збор за долгогодишен проблем што трае многу години, па според тоа и народот не е оптимист дека е лесно да се постигне договор.

Дури 64.1 отсто од анкетираните негативно, односно веројатно негативно, го оценуваат начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање, а 31.6 отсто дава позитивна или веројатно позитивно оценка. Но, ставот на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, во прашањето за името, шест од 10 Грци (63 отсто) го оценуваат негативен или веројатно негативен, а 31,5 отсто позитивен или веројатно позитивен.

На прашањето „кои земји претставуваат опасност за Грција“, анкетираните одговориле: Турција 92,5 отсто, Албанија 47 отсто и Македонија 37 отсто.

Во истражувањето на „Капа рисрч“ за ТВ Алфа, учествуваа 1.343 испитаници, а било спроведено од 1 до 9 март телефонски.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе