Повеќе од нож во грб беше средбата помеѓу Таравари и Хоџа, смета Реџепи

Скендер Реџепи Зејди од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус" на ТВ21 посочи дека нож во грб била средбата меѓу Арјанит Хоџа од Беса и Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

„Средбата помеѓу Арјанит Хоџа и Арбен Травари без да го информира коалициониот партнер и притоа знаејќи ги како внатрешно стојат работите за нас беше повеќе од нож во грб. Се среќаваат генералните секретари на двете партии, едниот вика ние јадевме ручек, другиот вика пиевме кафе, ние не знаеме дали пиеле кафе или јаделе ручек, но едно со сигурност знаеме, работеле на проект кој не оди во корист на Алтератива. Најмалку што требаше е да не викне нашиот коалиционен партнер на разговор, да не информираат за намерите, да седнеме и да разговараме, па да пробавме да најдеме решение. Тоа што се направи од многуте партиски структури се оцени како штетно", посочи Реџепи.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе