Влада

Поведена постапка за разрешување на Зоран Иванов поради ширење говор на омраза

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Ова вечерва е објавено на фејсбук профилот на Владата на Република Северна Македонија.

Новинарот Зоран Иванов на социјалните мрежи упати навредлив и сексистички пораки до поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, која беше дел од самитот кога Македонија доби вето за влез во НАТО, како и против актуелната министерка за надворешни работи на Бугарија, Захариева, по вчерашното вето за Македонија за оддржување на првата меѓувладина конферанција како официјален старт на преговори со ЕУ.

„Сите фригидни кучки свршуваат на Македонија, Бакојани 2008-ма, Захариева 2020-та“, напиша во твитот Зоран Иванов.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе