Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис, вели Бучковски

Во интервју за бугарската телевизија „Нова“, поранешниот македонски премиер и специјален претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски вели дека можен е договор меѓу Скопје и Софија за време на француското претседателство со ЕУ, но има групи и во двете земји кои работат да не се најде компромис.

„Бугарија и Северна Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Климата за преговори сега е подобра. Има шанса за договор следниот месец. Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис и договор меѓу нашите две земји,“ рече Бучковски.

Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје станувале сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и желбата на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на резултатите од пописот во С Македонија, Бучковски посочува дека разликата во издадените пасоши и бројот оние кои се изјасниле како Бугари се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и тие луѓе повеќе не се во државата.

„Верувам дека сите кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа,“ вели Бучковски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе