Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Постигнат мал напредок во однос на Гоце Делчев, дискусијата била исцрпувачка

Различни аспекти од прашањето за значењето на личноста и делото на Гоце Делчев во контекст на неговото значење за историското сеќавање на двата народи биле разгледани денеска на вториот ден од состанокот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.

Дискусијата за евентуалното заедничко чествување на личноста и делото на Гоце Делчев, како што потврдија за МИА од Комисијата, била исцрпувачка, но плодна и направен е мал напредок поради што членовите на Комисијата ќе продолжат да разговараат во однос на ова прашање, како и за други отворени прашања од значење за Комисијата и во контекст на градење на добрососедските односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ и двете држави.

Членовите на Комисијата вчера работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки  за учебниците за седмо одделение во Северна Македонија и шестти клас во Бугарија.

„Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата  и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период“, потврдија за МИА извори од Комисијата.

И покрај разликите членовите на Комисијата усогласиле некои забелешки во однос на општите проблеми кои постојат во учебниците во двете држави и имале можност, како што велат оттаму, да си укажат едни на други што е тоа што им пречи од тие учебници.

Ова, како што велат од Комисијата, е многу важно за да им се овозможи на двете страни да развијат чувство за начинот на кој другиот гледа и го вреднува минатото.

На вториот ден од седмиот состанок на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања се разговарало и за утврдување на датумите на следните средби. Начелно е прифатено следната средба да се одржи во средината на октомври, но точниот датум останува отворен поради усогласување на ангажманите на членовите на комисијата.

Состанокот во Софија е продолжение на претходниот, кој се одржа во Скопје во јуни. Ова е четврта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината се предвидени уште две средби.

Од претходните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последиот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе