Постигнат е договор со Беса, власта има двотретинско мнозинство за уставните амандмани

Собранието ќе ја продолжи седницата за уставните амандмани откако претходно беше постигнат договор со Беса на Билал Касами. Договорот го потврди и портапролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција во Собранието. 

Двајцата пратеници на Беса се согласиле да гласаат за уставните амандмани, а договорот бил постигнат на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Беса, Билал Касами. 

Според неофицијалните информации, барањата на Беса ќе бидат дополнително вградени во закони, но не и во Уставот.  

На прес-конференцијата на Костадинов, на прашањето што конкретно се договориле заев и Касами, тој рече дека подоцна ќе се излезе со заедничко соопштение.

Костадин Костадинов

Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.

Тој уште додаде дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.

„Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има.  Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите”, рече Костадинов.

Инаку, за Касами беше спорно што во Договорот од Преспа „македонско/граѓани на Р. Северна Македонија“ со албанскиот превод се добива двојно значење и тоа „македонски”, но и „Македонец”.

Придавката „македонско“ при преводот на албански, има поинакво значење, па Беса предложи амандман, за граѓаните од албанска етничка припадност во државјанствата на македонски јазик да стои „македонско/граѓани на Р. Северна Македонија”, а на албански јазик да биде „eMaqedonise Veriore” и на англиски јазик „macedonian/citizen of Republic of North Macedonia”.

 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе