Постигнат договор: Избори на 15 јули

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција соопшти дека 15 јули е „конечен, последен и единствен датум за избори“.

Заев кажа дека денеска разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и дека овој потврдил дека е согласен за избори на 15 јули.

„Бараа средината на јули, еве им избори на средина на јули“, рече Заев.

Тој кажа дека како одговорна партија презеле чекор за да им олеснат на сите граѓани да заврши оваа игра на нерви од која страда народот.

„Одговорност е да направиш сѐ, да обезбедиш институции што нормално ќе функционираат. Ни треба активно собрание, ни треба целосно функционална политичка влада, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и опозицијата. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни. Поголема криза од оваа не можеме да издржиме со техничка влада и без парламент. Свесен сум дека на сите ние преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, која ќе биде неработен ден“, изјави Заев.

На изборите ќе се гласа дополнително уште два часа, што значи до 21 часот, а претходните два дена, односно на 13 и 14 јули, ќе гласаат болните, изнемоштените лица, позитивните на ковид-19, оние што се во изолација и самоизолација, а изборниот молк почнува на 12 јули на полноќ.

Тој додаде дека очекува Мицкоски јавно да излезе и да потврди дека прифаќа избори на 15 јули.

„На крај, викаат човекот е голем и тежи онолку колку што му тежи зборот, затоа го повикувам два-три пати сега да излезе и да потврди“, одговори Заев на прашањето какви гаранции има од Мицкоски дека ќе излезе на избори.

Двајцата, како што кажа, се договориле да го информираат претседателот Стево Пендаровски, кој, пак, понатаму треба да ги извести останатите политички партии. Заев и Мицкоски ќе ги известат членовите на ДИК од нивните партии за да седнат, рече лидерот на СДСМ, и да ги усогласат сите протоколи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе