Посетата на Коѕијас на Македонија потврдена, но не и датумот

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас повторно ќе дојде во Скопје на крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец и се очекува да го донесе најавуваниот нацрт договор за решавање на прашањето за името, информираат од МНР. 

Грчките медиуми веќе најавија дека Коѕијас ќе допатува неделава во Скопје, но од МНР велат дека поради набиените агенди на двајцата министри, Коѕијас и Димитров, посетата ќе се реализира една или две недели подоцна.

Како што најави самиот Коѕијас, документот што ќе го донесе е на 20 страници и се однесува на името и на она што произлегува од името, односно каква употреба ќе има името, изведени зборови односно идентитет, националност и јазик, а потоа и другите прашања како што се трговските имиња, акронимите и кратенките. 

Грчкиот министер за надворешни работи во интервју за ЕРТ најави дека очекува следната посета да ја направи преку преиуменуваниот аеродром во Скопје, што од минатата недела и официјално се нарекува „Меѓународен аеородром Скопје“. 

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе