Советнички прашања во Општина Центар

Поранешното раководство потрошило 1,5 милион евра за прошетки низ Италија

Денеска се одржа првата седница на која актуелниот советнички состав во Општина Центар поставуваше прашања до градоначалникот Андреј Жерновски.

Одговарајќи на прашањето на советничката Весна Милосавлевска, дали има информации за потрошена голема сума пари за патување до Италија од екс-градоначалници, скулптори и вработени во општината, Жерновски одговори дека 57 лица на товар на Општина Центар патувале во Фиренца, Верона, Милано за поблиску да се запознаат со условите каде ќе се леат спомениците од проектот Скопје 2014.

Како што рече Жерновски, патувале и скулпторката Валентина Стевановска и тоа не еднаш туку 25 пати. Патувал и поранешниот претседател на Советот, Владимир Здравев. И тој бил 8 пати. Нејасно е, рече Жерновски зошто тој морал да отиде во Италија, а уште помалку што бара екс-раководителот на секторот урбанизам, или пак екс-раководителката за јавни набавки.

„Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра“, рече Жерновски.

Томислав Лазаревски праша дали ќе се гради паркот во Капиштец како што беше презентиран, градоначалникот Жерновски одговори дека изготвен е проект за паркот Капиштец, се доцнело поради жалбата на еден од заинтересираните и дека сега процесот на подготовка е сега завршен. Побара сите советници, без разлика на партиска припадност, да апелираат работата на општината да не се кочи со секојдневните инспекции. Како што посочи, денеска на скверот во изградба “Порта Буњаковец“ по трет пат дошла градежна инспекција.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе