Поранешните „Лавови“ порачаа: нема да дозволиме братоубиствена војна

Претседателот Ѓорѓе Иванов да го повика амбасадорт на Република Албанија во земјава и од него да побара јавно извинување за мешањето во внатешните работи на земјата и итно отфралање на тиранската палтформа, е првото барање на припадниците на поранешната полициска единица за брзи интервенции „Лавови“.

Во соопштението „Лавовите“ од политичките партии на Албанците бараат да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите.

„Од македонските политички партии бараме да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите“, се вели во соопштението и се додава дека „Лавовите“ ќе спречат братоубиствена војна и поделба на државата.

„Народот да биде сигурен и спокоен дека сѐ горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија, стои во соопштението.

ЕБИ „Лавови“ учествуваше во конфликтот во 2001-та година кога беа и формирани, а во 2003-та единицата беше расформирана, а поголемиот дел од членовите преминаа во ЕБР на МВР.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе