Две години пред скандалот со руските пранкстери

Поранешниот амбасадор на Украина ги предупредил македонските власти дека некој лажно се претставува како Порошенко

Уште во 2017 година имав состанок со претставници на македонските безбедносни служби и со членови на кабинетите на шефот на државата и на министерот за надворешни работи на кои предупредив на тоа дека некој лажно се претставува како претседателот Петро Порошенко и дека се јавува по државници, изјави за МКД.мк Јуриј Гончарук, поранешниот амбасадор на Украина во Македонија.

Гончарук вели дека нема никакви сомневања дека се работи за припадници на специјални служби и дека овие руски „комичари“ насекаде го пикаат носот. „Предупредив дека секогаш треба да се биде подготвен за разни провокации. Но сега можеме само да се смееме. И Порошенко еднаш беше жртва и настрада од вакви провокации“, изјави амбасадорот Гончарук.

Јуриј Гончарук

По објавувањето на снимките од телефонските разговори на македонскиот премиер Зоран Заев со руските пранкстери Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) се отворија многу прашања во однос на безбедноста на комуникацијата на македонските државници. Денес може само да претпоставиме дека по ова предупредување на амбасадорот Гончарук, некој од македонските безбедносни служби подготвил некакво предупредување, некакви измени во протоколот, некакво упатство, нешто што можело да го спречи овој своевиден скандал.

Оти ваквиот начин на комуникација, содржината на разговорот објавен на Јутјуб каналот на руските комичари отвора многу прашања во однос на безбедноста, протоколот, заштитата на доверливи информации...

А.Д.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе