Кривична пријава

Поранешната директорка на Завод и музеј Охрид, Паскали-Бунташеска, направила штета од 123.000 евра

Заводот и Музеј Охрид поднесе кривична пријава против поранешната директорка поради големата финансиска штета врз Буџетот на РМ, настаната од непостапување по судска одлука од страна на поранешната раководителка на Музејот во случајот со судскиот спор за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ меѓу установата и еден од соседите, соопшти Министерството за култура. 

Судската постапка се водела пред Основниот суд – Охрид уште од 2008 година, во време кога директорка на Завод и Музеј – Охрид била Тања Паскали Бунташеска и завршила со правосилна пресуда за вознемирување на правото на сопственост на тужителот од страна на тужениот Завод и Музеј – Охрид во декември 2009 година. Со пресудата, Завод и Музеј – Охрид бил задолжен да отстрани ѕидови од парцелата на тужителот.

Но, како што се вели во соопштението од Министерството за култура, поранешната директорка на Завод и Музеј - Охрид не го сторила тоа, а тужителот повел постапка за изрекување на судски пенали заради неизвршување на пресудата од декември 2009 година. Постапката завршила со пресуда на Апелацискиот суд - Битола, со која биле изречени судски пенали во висина од 3.000 денари дневно. И покрај ваквото задолжение со дневни судски пенали, поранешната директорка и одговорно лице на Завод и Музеј – Охрид не пристапила кон рушење на ѕидовите по судската пресуда, со што би се избегнало плаќањето на дневните пенали.

„Како последица од ова непостапување, се насобрале судски пенали во износ од 2.322.290 денари, што е повеќе од 700 денови доцнење со извршувањето на пресудата. Оваа сума, која им е исплатена на тужителите, е директна штета на установата и на буџетот на РМ“, се додава во соопштението.

Но, поранешната директорка на Завод и Музеј – Охрид продолжила со неизвршување на судската пресуда уште неколку години, а сето ова се криело како од министерството, така и од сегашната в.д директорка при примопредавањето на должноста, на 24 јули оваа година. Тужителите на 24.10.2017 година, повторно на истиот начин, преку извршител, по истата пресуда од 2009 година, за дневни пенали ја блокираа сметката на Завод и Музеј – Охрид.

Овој пат, сумата на налогот за извршување е во износ од 5.239.217 денари, што претставува повеќе од 1.700 денови или повеќе од 4 години неизвршување на пресудата.

„Обврската за рушење на ѕидовите по судската пресуда е конечно исполнета од новото раководство на ден 05.12.2017 година - и тоа за само неколку часа и за трошоци од само 500 евра“, стои во соопштението.

Инаку, до овој момент штетата која е предизвикана со неизвршувањето на службената должност на поранешната директорка изнесува вкупно 7. 561.507 денари, или околу 123.000 евра. Затоа, за овој случај Заводот и Музеј – Охрид поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид за негово понатамошно постапување.

 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе