Порака до СДСМ од протестот: Вашите претходници, комунистите, гинеа, а вие продавате!

Со пораката „не на бугаризацијата, не на асимилацијата и не на бришење на нашиот идентитет“ пред Собранието заврши вечерашниот протест против францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.  

Преку глава ни е е државата да ни оди во погрешна насока затоа што така им текнално на оние од Муртино и Зајас и тоа нема нема да помине неказнето, порача Сергеј Попов, претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест.

Тој потсети дека СДСМ се наследници на Комунистичката партија. „За разлика од вас кои продавате, тие гинеа за оваа држава, за Македонија. Угледајте се на нив и немојте да го потценувате народот. Нема да дозволиме сквернавење на историјата. Никогаш нема да признаеме дека бугарските фашисти биле некакви администратори. Од вас може да очекуваме само ново предавство, но тоа овојпат нема да помине“, рече еден од говорниците.

„Макрон, Јас сум Македонка“, рече актерката Весна Петрушевска која повика на секојдневни протести додека не падне Владата. „Секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест. Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица“, рече Петрушевска.

Пред присутните се обрати и Мартин Треневски како член на првата експертска Влада на Република Македонија. „Таа влада ги оствари соништата и желбите на илјадници и илјадници наши предци, кои мечтаеле за тој миг и за кој ги дадоа скапоцените животи за таа слобода“, рече Треневски.

Тој пред присутните граѓани се обрати во маица стара 31 година со логото од референдумот од 1991 година, со кои во тоа време се пропагираше идејата за самостојна и независна Република Македонија.

„Почитуван народе, нека се знае еднаш за навек, експертската Влада на академик Никола Кљусев го организираше референдумот за независност и експертската Влада ги постави темелите на модерна, современа Македонија, монетарното осамостојување, македонската дипломатија и така натаму. Да се знае, бидејќи очигледни се обидите на поединци, а и на организации не само да се минимизира, туку и да се избрише учинокот што го направа таа експертска влада. Тоа, драги мои, не смееме да го дозволиме“, рече Треневски.

Тој посочи дека сите членови на македонската експертска Влада беа за независна и самостојна Македонија, освен еден чиј татко ја напиша македонската химна, а е советник за надворешна политика на претседателот Стево Пендаровски.

Треневски додаде дека во вакви околности не треба да не чуди зошто Пендаровски беше првиот кој што ја пофали новата обработена верзија на францускиот предлог, кога за советник има човек кој ги брани бугарските барања и услови.

Треневски ги повика сите македонски граѓани да се придружат на протестите против францускиот предлог во кој се содржани сите бугарски барања, затоа што така се брани Македонија и дека ова не е време за комоција пред телевизор.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе