Судењето за „Триста“ одложено

Поповски не дојде во судница, Фетаи е децидна, не може судењето да зависи од желбите на обвинетиот

Местото во судницата на Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ повторно остана празно. Обвинетиот не дојде бидејќи, според одбраната, тој бил неподвижен и в постела. 

Одбраната до судот достави медицинска документација за отворено боледување. Обвинителката Фатиме Фетаи е децидна, не може да се чека со години и судењето да зависи од желбите на обвинетите.

„Предлагам вешто лице со соодветни познавања да утврди дали обвинетиот може да го следи судењето. На Поповски можеби ќе му требаат две години да оздрави, и ние толку ли ќе чекаме“, рече Фетаи.

Одбраната вели дека нема простор за натамошна дискусија оти има лекарска документација.

Судијката Лидија Петровска пресече, отсуството за денес е оправдано и судењето се одложува за 27 овој месец.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе