Попова: Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го почести гратис земјиште и нула комуналии

Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал, изјави на прес-конференција Ирена Попова – светник oд ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Таа рече дека градоначалникот новиот купувач на градската куќа ќе го почести гратис земјиште и нула износ на комуналии.

„Фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го чести со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено, градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почести новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии", рече Попова.

Таа додаде дека продажбата ќе се одвива преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа.

„Сумата која е инвестирана ќе биде повисока од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба. Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра", рече Попова.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе