Протоколот помина во Комисијата за одбрана

Попов: Северна Македонија може да смета на бугарска поддршка до целосно приклучување кон НАТО

Комисијата за одбрана во Бугарското собрание денеска го поддржа Пристпапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, како прв чекор до ратификација на пленарна седница во Собранието.

Претседателот на Комисијата за одбрана, генерал Константин Попов, пред колегите потсети дека Бугарија пред 27 години прва безусловно ја призна Македонија под нејзиното уставно име и како самостојна и независна држава, јавува БГНЕС.

„Бугарија ги убеди и Турција и Русија, исто така да ја признаат нејзината независност. Денеска Бугарија уште еднаш ги изрази своите добри намери кон соседот. Ја поздравуваме Северна Македонија за нејзиното членство во Северноатлантскиот сојуз“, рекол Попов по гласањето во Комисијата за одбрана на бугарското Собрание.

Според него, Северна Македонија може да смата на целосната бугарска поддршка и за целосното приклучување кон НАТО.

„Бугарија годинава ќе одбележи 15 години од своето членство во Алијансата и со радост ќе го поведеме нашиот сосед и ќе го споделиме нашето искуство од членството во НАТО. Тоа е уште еден чекор кон зацврстувањето на стабилноста и развојот на Западен Балкан, како и проширувањето на можностите за соработка“, изјави генералот Попов.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе