БЕГАЛСКА КРИЗА

Попоски - Kурц: Австрија ќе испрати опрема, војска и полиција на македонската граница (ФОТО)

Австрија за месец-два ќе ја исполни квотата за годинава за прием на 37.500 бегалци и ќе ја затвори границата. Ние сме подготвени во Македонија да испратиме опрема, војска и полиција за да помогнеме во справувањето со бегалската криза, рече австрискиот министер и додаде дека во зависност од бројот на бегалците можна ќе бида изградба на камп за бегалците на грчка и на македонска територија.    

 

Австрија останува пријател и поддржувач на Македонија кон нејзиниот пат во Европската Унија, изјави денеска во Скопје шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Шефот на австриската дипломатија рече дека Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата.

„Австрија е една од земјите од тројката, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите одлуки ќе имаат последици кон земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. А Македонија ќе мора целосно да го сопре бранот на бегалци. Македонија ќе биде соочена со тешка задача“, рече Курц.

На прашањето дали ќе се градат бегалски кампови во Македонија, Курц изјави дека то ќе зависи од бројот на бегалците кои ќе пристигнат на границата.

„Ако има потреба ќе се отворат кампови и во Грција и во Македонија за да се задржат бегалците“, рече Курц.

Попоски изјави дека Македонија презема мерки во две насоки, а тоа е спречување на илегалното преминување и регистрација на бегалците.

„Колку ќе влезат, зависи од тоа колку бегалци ќе примат земјите-членки од ЕУ. Од тоа ќе зависи колку ќе пропуштиме. Бројките за прием, математички гледано ќе се добијат ако се земат предвид тие што Австрија, Германија и Шведска заедно ќе одлучат да ги примат. Македонските власти во справување со бегалската криза користат само средства од даночните обврзници на Македонија и од билатералната помош од земјите како што е Австрија“, рече Попоски и додаде дека без разлика од која земја ќе бидат полицајците и војниците од другите земји, главната команда ќе ја има Македонија.

Одлуките на македонските власти ќе бидат носени во координација со одлуките на Германија, Австрија и други земји-членки на ЕУ, рече Попоски.

На средбата се разговарало и за политичката криза во Македонија. Австрискиот министер рече дека договорот од Пржино треба да се почитува и да се обезбедат слободни и демократски избори, а Австрија би можела да испрати набљудувачи на изборите.

 За време на работнаата посетаа потпишан е и акциски план за подобрување на економската соработка, за помош во форма на обуки на млади дипломати и модернизација на јавната администрација, но и австриска помош во еввроинтеграциите на Македонија, решавањето на спорот за името, како и поддршка за подобрување на добрососедските односи на решавање на билатералните спорови на Македонија.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе