ДЗС

Пописот завршува на 30 септември, досега попишани околу 1,4 милиони лица

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората. Државниот завод за статистика (ДЗС) од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа на вчерашната прес-конференција апелираше до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат тоа.

Јасмина Ѓоргиева од ДЗС на прес – конференција појасни дека граѓаните кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт, од денеска ќе можат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

„Тие граѓани ќе можат да појдат на овие локации во нивните општини и да се попишат. Овие локации, за секоја општина во државата, објавени се на веб-страницата, појасни Ѓоргиева.

Додаде дека влегуваме во последна фаза од пописните активности на терен, кога се привршуваат сите активности што се спроведуваа последните 20 дена, кога попишувачите и нивните реонски инструктори ги посетуват сите пописни кругови, ги проверуват и се обидуваат да откријат дали некој е пропуштен.

Ѓоргиева потсети дека пописот трае до четврток, 30 септември, а попишувачите работат интензивно на терен, од 8 до 20 часот. Им порача на граѓаните кои досега не биле попишани, да бидат трпеливи и да очекуваат дека следните денови ќе бидат попишани. Додаде дека некои граѓани ќе бидат опфатени последните три дена од пописот.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пак оцени дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција.

„Досега 1.400.000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува по 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина жалам што некои помали политички партии место да го поддржат, решија да собираат политички поени на пописот, но на крајот убеден дека сите ќе бидеме задоволни од тоа како го изведовме пописот“, рече Маричиќ.

Тој информира дека податоците собрани од пописот се навистина потребни за идните долгорочни развојни политики на земјата. Дополнително, информираше дека попишувачите се од сите етнички заедници и дека процесот е целосно инклузивен.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе