Вечерва во 20 часот

Пописот вечерва завршува, се гасне и апликацијата за дијаспората

Најголемата статистичка операција, попис на населението, становите и домаќинствата, прва по 20 години, вечерва во 20 часот завршува, а ќе биде изгасната и интернет апликацијата за самопопишува на дијаспората. Во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега. Сепак, се чини дека сите граѓани нема да можат да бидат попишани, дел од граѓани кои дојдоа во општинските канцеларии за попис, велат дека попишувачи не заѕвониле на нивната врати, ниту оставиле известување.

Државниот завод за статистика вели дека во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите.

Во одредени средини, попишувачите се на терен и се уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен.

„Ова се изолирани случаи во кои попишувачот не успеал да оствари контакт со граѓаните и да ги попише и затоа Државниот завод за статистика апелира до сите граѓани кои се сè уште непопишани, да ги посетат пунктовите во своите општини и да се попишат. Исто така, и во зградата на Државниот завод за статистика, на ул.Даме Груев бр.4, постои пункт каде што можат да се попишат лица од целата територија на град Скопје“, информираат од ДЗС.

Државниот завод за статистика успешно ја реализираше најголемата статистичка операција, се вели во соопштението од ДЗС.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе