Пописот нема да се одложи, вели Заев

Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Зоран Заев и ги повика  сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето, според Заев е беспредметно, затоа што никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.

„Сега нормално самата пандемија е проблематична, но тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.

Според него, законот е јасен, во него е регулирана одговорноста, но пред сѐ, треба да биде граѓанската одговорност пред државата.

„Затоа апелирам до сите Македонци да се попишат, апелирам до сите Албанци да се попишат, апелирам до сите Срби, до сите Роми што живеат во нашата држава Република Северна Македонија да се попишат. Така ќе покажат љубов кон татковината, така ќе покажат одговорност кон татковината и така ќе имаме податоци дека постојат. Благодарение на тие статистички податоци ќе можеме успешно да креираме политики. Сега креираме во магла, во облаци, незнаејќи ги точните бројки. Од нивното попишување зависи развојот на нивното општество, од нивното попишување на сите наши граѓани зависи иднината на нивната земја, на нашата земја.  Кога треба да се чукаме во градите колку сме патриоти тогаш правиме сѐ што треба, а кога треба да го направиме првиот вистински патриотски чекор кон државата и да се попишеме, тогаш ќе бараме мал милион изговори“, рече премиерот додавајќи дека повикувањето на бојкот и блокирањето на попишувањето никого нема да направи поголем патриот.

Тој истовремено упати апел и да се попише целата дијаспора.

„Апелирам на целата македонска дијаспора Македонци, Албанци, Бошњаците, Србите, Турците, Власите, Ромите… сите да се попишуваат зошто имаме одговорност пред татковината. Таа татковина за која што полна уста секогаш знаеме да искоментираме, пофалиме, искритикуваме или слично“, истакна премиерот.

Според Заев, има решение и доколку се случи некои од комисиите да бидат заразени од коронавирусот.

„Ако не стигнеме до 21 април и пописната општинска во Чаир или Струмица е заразена може да се оложи за 14 дена, може да се пролонгира делот на самото попишување. Може да се најдат начиним само пописот треба да се одржи. Ако одложиме за есента може да имаме исти бран како сега, ако до пролетта догодина може да има исти бран како сега“, рече Заев.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе