Државен завод за статистика

Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

Попишувачите ангажирани за потребите на пописот имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021. Тие најпрвин треба да го покажат овластувањето и со својата лична карта да се идентификуваат, а доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом. 

„На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон. На задната страна од овластувањето има број под кој истото е заведено во архивата на Државниот завод за статистика, како и потпис од директорот и печат од Државниот завод за статистика“, информираат од Државниот завод за статистика. 

Попишувачот, напоменуваат од ДЗС, кога ќе дојде во домаќинството, најпрвин треба да го покаже овластувањето и со својата лична карта да се идентификува, а доколку лицето нема такво овластување, граѓаните да не го примат во својот дом.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе