Попис 2021

Попишани 711.418 лица, а од странство самопопишани 193.054 наши државјани

Вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави Државниот завод за статистика на својата интернет страница. Од друга страна 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Во април пописот беше одложен за овој месец поради тогашниот трет ковид - бран.

Од Државниот завод за статистика веруваат дека попишувањето од епидемиолошка смисла е безбедно бидејќи сите попишувачи се должни да носат маски на лицето, да одржуваат растојание од граѓаните и редовно пред и по секое попишување во домакинствата, мора да ги дезинфицираат рацете и лаптоп уредите.

Граѓаните имаат право доколку сакаат да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе