Попишани 350 бездомни лица во центрите Визбегово и Чичино Село

Пописот на бездомните лица е целосно завршен и првичната бројка е околу 350 лица во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика, односно Визбегово и Чичино Село. Сега останува големиот дел на пописот што стартува од 1 април, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

При денешната посета на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и млади во Топанско поле, Шахпаска порача дека пописот е безбедна и елементарна статистичка операција, па неразбирливо е наметнувањето на тезата дека тоа е политичко прашање на кое што треба да се вкрстуваат копјата од страна на спротивставените политички страни – власт и опозиција во општеството.

„Доколку се почитуваат протоколите, а секако попишувачите имаат специјални обуки покрај обуката на начинот како треба да прават попишување на граѓаните, посебни обуки за тоа како треба себеси да се заштитат со заштитната опрема, со носење на маски, со носење на визери, носење на ракавици, на тој начин се штитат и себеси, меѓутоа секако ги штитат и лицата во домаќинствата каде што треба да се обавува пописот“, рече таа.

И во услови на пандемија, потенцираше, „ние како граѓани функционираме, ги обавуваме секојдневните потреби и обврски. Одиме на работни места, одиме во продавници, купуваме храна, одиме во здравствени установи затоа што не само заради пандемијата имаме потреба од консултација на лекар“.

„Така што со доследно почитување на протоколите многу е значајно пописот да се заврши. Особено е значаен пописот за институција за МТСП. Затоа што цели 20 години ние ги немаме вистинските бројки на категориите на граѓани чии проблеми ги адресира односно ги решава МТСП. Важен бројот на пензионерите заради тоа што тоа ја генерира потребата од изградба на нови домови за сместување на стари лица. Важен е бројот на лицата со попреченост за кои СЗО вели дека е 15 проценти од општата популација. Значајна бројката на деца заради тоа што ја наметнува потребата за предшколско образование и бројот на градинки коишто МТСП треба да ги креира, приматели на социјална помош итн. За вие да испорачате квалитетни политики тие мора да бидат втемелени на реални, објективни податоци коишто се добиваат пред сѐ со пописот како една статистичка операција која што во исто време се спроведува во целата држава“, изјави Шахпаска.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе